ВМРО-ДПМНЕ ги утврдува кадровските решенија во новата влада, Мицкоски ќе ги соопшти имињата на новите министри
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница ги утврдува кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет.
Имињата на идните членови на владата и одуките на партиските тела ќе ги соопшти партискиот лидер и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски во изјава за медиумите што е најавена за 20 часот.
Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија.
Мицкоски претходно најави дека предлог составот и програмата на владата ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет. Рокот од 20 дена за состав на владата тече од 6 јуни кога Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 пратеници, Вреди 14, а ЗНАМ шест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина е подготвена за избори ако…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…
САД можеби купуваат ирански дизел преку Русија:…
Дизелот што Русија, според првичните информации, започнала…
Осомничените се обиделе да ги прегазат полицајците,…
Независниот синдикат на полицијата најостро ги осуди…
Камала Харис жестоко го нападна Трамп: Неговата…
Поранешната американска потпретседателка Камала Харис упати остри…
Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…
Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…