Сите балкански држави го поддржаа заедничкото коминике на мировниот самит за Украина: Почитување на територијалниот интегритет на Украина и осуда на руската агресија

t

Сите балкански држави, без исклучок, го поддржаа заедничкото коминике на мировниот самит за Украина. Имињата на државите од регионот можат да се забележат на мониторите во пленарната сала на Самитот: Словенија, Хрватска, Србија, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија, Албанија, Бугарија и Грција.

Во заедничкото коминике 80 земји на мировниот самит за Украина се согласија дека „територијалниот интегритет“ на Украина мора да биде основа на секој мировен договор за ставање крај на руската агресија.

Заедничкото коминике е резултат од дводневната конференција во одморалиштето Бургенсток во Швајцарија, каде што високите државни претставници се приклучија кон креирање на овој важен патоказ кон мирот.

Околу 100 делегации, претежно западни земји, но и некои клучни земји во развој, беа присутни на конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската армија подготвува војници за препознавање на…

Американската армија издаде нов теренски прирачник наменет…

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…