Сиљановска-Давкова од името на „мојата земја“ се обрати на Самитот за мир во Швајцарија

t

На денешната пленарна сесија од дводневната мировна конференција за Украина која се одржа во Швајцарија, меѓу претставниците на земјите учеснички кои се обратија беше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Најавена како претседателка на Северна Македонија, со табла пред неа повторно со уставното име Северна Македонија, Сиљановска-Давкова имаше неколкуминутно обраќање, но во говорот ниту еднаш не го употребите името на државава во ниту една форма, туку се одлучи за формулацијата „мојата земја“ што ја изговори еднаш.

„Фактот што денеска ја претставувам мојата земја на највисоко ниво е уште една потврда за нашата принципиелна позиција и поддршката за територијалниот интегритет на Украина“, истакна Сиљановска-Давкова.

Ова е продолжение на практиката на претседателката да го одбегнува уставното име на државата. Таа досега користеше Македонија и се повикувше на правото на слободата за изразување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Американската амбасада не сака да го коментира…

„Ги видовме извештаите и нема да коментираме…

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…

(Видео) Девет пожари се надвор од контрола!…

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно…