ЦУК: Возило излетало на пруга, извлечени две повредени лица од кои едното било потешко повредено
Регионалниот ЦУК Велес информира дека денеска имало спасителна комбинирана акција на железничка пруга, којашто имала ограничено време за да се заврши до наредно поминување на воз, за да се извлечат повредените две лица од кои едното било потешко повредено, а потоа и да се отстрани излетаното возило што било на пругата. Покрај пожарникарите, полицијата и итната медицинска помош на терен интервенирале и екипи на АМСМ, ЈП „Македонски железници и инфраструктури“.
Конкретно, во 15.08 часот е пријавенo дека на регионалниот пат Велес – Градско, кај месноста викана „Црн Камен“ заради неприлагодена брзина патничко моторно возило („поло“) излетало на железничката пруга. Притоа, биле повредени две лица, од кои едното било потешко повредено. Прво, на лице место, покрај итната медицинска помош и екипа од СВР Велес интервенираше и екипа од 4 пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Велес – за извлекување на тешко повреденото лице кое било на самата пруга.
Повредените лицата веднаш беа пренесени во Велешката болница, а параелно со таа спасителна акција излетаното возило коешто било на самата железничката пруга, , екипи на АМСМ, ЈП МЖ инфраструктури и СВР Велес го отстраниле од пругата и го ослободиле патот на наредниот воз што поминувал на тој правец во 17.30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…