(Видео) Ангелов до Град Скопје: Кружен тек или семафори кај збунувачката крстосница во Аеродром
Центарот за управување со кризи (ЦУК), по барање на граѓани, поднесе иницијатива да се изгради кружен тек или итно да се постават семафори на крстосницата на бул. Васко Карангелески во населбата Аеродром.
За директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, оваа крстосница е „по малку збунувачка“ за учесниците во сообраќајот.
– Повеќемина граѓани со повик на единствениот број 112 во ЦУК, преку медиумите и преку социјалните мрежи побараа итно поставување на семафори или изградба на кружен тек на крстосницата на бул. Васко Карангелески, пред објектот на СВР Скопје. Иако има соодветна сигнализација, крстосницата е збунувачка и предизвикува нејаснотии кај учесниците во сообраќајот околу првенството на премин поради што за краток период се случија 4 сообраќајни несреќи – изјави Ангелов.
Додава дека ЦУК поднесол иницијатива до Град Скопје и одржал една координативна средба на којашто е добиено известување дека се работи на планирање за поставување на семафори.
фото: ЦУК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…