Објавено на:

ЕУ ги продолжи санкциите воведени поради руската анексија на Крим за уште една година

t

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на санкциите воведени како одговор на илегалната анексија на Крим и градот Севастопол од страна на Русија до 23 јуни 2025 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Рестриктивни мерки кон Русија во врска со анексијата првпат беа воведени во јуни 2014 година и тие вклучуваат забрани за увоз во ЕУ на производи кои потекнуваат од Крим или Севастопол, како и за инфраструктурни или финансиски инвестиции и туристички услуги на овие територии.

Понатаму, со санкциите се забранува извоз на одредени стоки и технологии од ЕУ за Крим, кои би можеле да се користат во транспортниот, телекомуникацискиот и енергетскиот сектор или за истражување и производство на нафта, гас и минерални ресурси.

– ЕУ не ја признава и натаму ја осудува илегалната анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација како кршење на меѓународното право. Од 2022 година, Русија дополнително го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина со нејзината неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна против Украина. ЕУ останува цврста во својата посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници и нејзиното вродено право на самоодбрана од руската агресија и посветена на целосно спроведување на нејзината политика за непризнавање – се додава во соопштението на Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Риби-ќе слушнете добри вести, Ракови…

Овен Ќе имате речиси идеални услови за…

ДЕНЕСКА Е СВ. ТИХОН: Татко му беше…

Денеска е 16 јуни (по стар стил)…

Голема свадба за Анастасија и Немања сепак…

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија неодамна му…

ДОБАР СУМ, ЖИВ, ЗДРАВ: Тасе конечно откри…

Урнебесна снимка од лиценцираното ТВ-шоу кое се…

Порака на денот: Луѓето не се менуваат,…

Ова се неколку животни совети кои ќе…