Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев

t

Премиерот нема да присуствува на конкретната иницијатива, кусо одговори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите за тоа дали евентуално грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис би присуствувал на дводневната Меѓународна конференција што ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на вчерашната средба на претседателката Сиљановска Давкова со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис на маргините на Самитот за мир во Швајцарија, владиниот портпарол рече дека „не постои нешто повеќе што можеме да кажеме“ и уште еднаш ги повтори грчките позиции во однос на нашата земја.

-Многу пати ги имаме повторено нашите позиции и потребата и Северна Македонија да го почитува она што е изгласано и ратификувано и покрај нашите искажани приговори кога имавме можност да го сториме тоа пред гласањето на Договорот од Преспа. Очекуваме да видиме опипливи потези и овде сме да ги коментираме, рече Маринакис

Претседателката, вчера на Фејсбук објави дека имала средби за запознавање со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.

-Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, напиша претседателката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од…

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат…

Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст…

Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст,…

АНБ лани се подновила со возила за…

Агенцијата за национална безбедност лани се подновила…

Пресуда за двојното убиство на Вања и…

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни…

Истрага против две лица за тешката сообраќајна…

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…