Сиљановска ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Казахстан во Македонија
Претседателката денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков.
На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката ги нагласи македонскиот интерес и подготвеноста за натамошно севкупно унапредување и развој на односите и соработката со Казахстан во сите домени од заеднички интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Во таа насока, Претседателката изрази надеж дека амбасадорот Буршаков во рамки на својот иден ангажман ќе придонесе кон нивно севкупно зајакнување внесувајќи притоа и нови содржини и форми преку поинтензивен политички дијалог и зајакната економска соработка.
Амбасадорот Сатибалди Буршаков во своето обраќање истакна дека од воспоставувањето на дипломатските односи, казахстанско-македонската соработка забрзано напредува врз основа на взаемните врски на пријателство, меѓусебно разбирање и заеднички вредности. Амбасадорот додаде дека е почестен што е првиот резидентен казахстански амбасадор во Скопје истакнувајќи ја непоколебливата посветеност на неговата земја за јакнење на политичкото, трговското и инвестициското партнерство, како и продлабочување на културните врски во интерес на двата народа.
Претседателката на новоименуваниот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателот на Казахстан го разреши министерот за…
Претседателот на Казахстан, Касим-Џомарт Токаев, го разреши…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Јужна Кореја и Казахстан потпишаа меморандум за…
Јужна Кореја и Казахстан во вторникот во…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…