Дневен хороскоп за вторник, 18. јуни

t

Овен
Љубов: Ќе бидете ориентирани кон дружење и слободни, недефинирани врски.
Работа: Доцнење и одолговлекување во финансиските работи, како и во партнерската работа и склучувањето договори.
Здравје: Можна повреда.

Бик
Љубов: Можно е да ви се допадне некој со кој работите или некој што ќе го запознаете преку работа.
Работа: Доколку барате нова работа, постои шанса да ја најдете во овој период.
Здравје: Имате променливо здравје.

Близнаци
Љубов: Можно е да доживеете кратка афера на патување.
Работа: Работата во група или со групи луѓе ќе ви донесе одреден успех.
Здравје: Дијареа.

Рак
Љубов: Денеска ќе бидете расположени. Можно е со избраната личност да правите долгорочни планови.
Работа: Сè уште се можни промени во оваа сфера.
Здравје: Солидно.

Лав
Љубов: Повеќе сте фокусирани на некои други области од животот, но тоа не значи дека нема да го привлечете вниманието на другите.
Работа: Ќе ви се зголеми популарноста, па ова е поволен ден за самопретставување.
Здравје: Габични инфекции.

Девица
Љубов: Можен е флерт со некој со кој работите, можеби дури и со некој кој е ваш надреден на работа.
Работа: Успех во секоја работа што е поврзана со техниката и технологијата. Промена.
Здравје: Болести предизвикани од стрес.

Вага
Љубов: Неповолна ситуација во оваа сфера, нестабилност на врските и можен раскин на оние кои веќе се во врска.
Работа: Ќе имате посериозни административни или логистички проблеми.
Здравје: Психосоматски поплаки.

Скорпија
Љубов: Ќе бидете незадоволни од моменталната ситуација и можно е да направите погрешен потег од фрустрација.
Работа: Трендот на промени и нестабилност продолжува.
Здравје: Можна ненадејна болка.

Стрелец
Љубов: Во овој период она што е највозбудливо за вас е она што е ново и свежо. Поволен период само за оние кои се слободни и бараат нова љубов.
Работа: Може да започнете сопствен бизнис.
Здравје: Послабо.

Јарец
Љубов: Можно е преку член на семејството да запознаете личност која ќе ви се допадне.
Работа: Проблеми во работниот процес. Ќе имате премногу работа, што ќе предизвика замор.
Здравје: Склоност кон инфекции.

Водолија
Љубов: Поволен ден за оние кои се веќе во врска. На другите веројатно нема да им се случи ништо важно.
Работа: Нема промени во оваа сфера од животот.
Здравје: Многу добро.

Риби
Љубов: Лесно ќе постигнете комуникација со личноста која ви се допаѓа, но не и емотивна блискост.
Работа: Успех во трговијата, транспортот и врските.
Здравје: Во стабилна здравствена состојба сте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…