Објавено на:

Работеше како келнер, а вчера дебитираше на ЕП!

t

Често пати фудбалот знае да испише невеоројатни приказни, а таква е онаа на 31-годишниот Вернон Де Марко кој ќе настапи на ЕП во дресот на Словачка.

Де Марко како дете ја напуштил родната Аргетнина и прво се преселил во Австрија и од таму во Шпанија каде што ги направил првите фудбалски чекори. На почетокот тренирал кошарка, но подоцна се насочил кон фудбал.

„Прво до 12 години тренирав кошарка, потоа одлучив да се пробам во фудбалот и очигледно не погрешив“, изјави Де Марко.

Кога станал полнолетен имал тежок почеток на кариерата бидејќи парите кои ги заработувал од аматерскиот тим Констанциа каде што играл не биле доволни.

„Во Мајорка играв за Констанциа од четвртата лига и имав плата од 225 евра месечно, тоа не беше доволно ниту за бензин. Морав да работам и нешто друго, па така најдов втора раота во хотел во мајорка“.

Животот му се сменил кога пристигнала понудата од Словачка.

„Добро се сеќавам, беше 2012 година и тој телефонски повик ми го промени живот. Околу 23 часот бев во кино кога ме побара мојот агент и ми понуди да се преселам во втората лига во Словачка. Искрено, тогаш не знаев каде се наоѓа Словачка и барав на мапа. Размислував малку и потоа прифатив, тоа беше најдобрата одлука која сум ја донел“, признава Де Марко.

Тимот кој го доведе Ди Марко бил Земплин Михаловце каде што играл до 2016 година пред да се пресели во Слован Братислава. Во 2017 година потпиша за полски Лех, а во 201 година се врати во Слован, доби државајнство и почна да го носи дресот на репрезентацијата.

извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Уапсен маж кој ѝ се заканувал на…

Маж од американската сојузна држава Вирџинија е…

(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…

Нема потреба од паника и од вознемиреност…

Ѓоковиќ сака да настапи и на Олимписките…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои…