Членовите на СДСМ со критика за Деспотовски
Да беше приближно активен во кампањата за парламентарните избори колку шо е активен во кампањата за претседателските избори во СДСМ, да зборуваше против Мицко вака како шо сега ги бербати Заев и Филипче, можеби партијата која сака да ја предводи ќе имаше подостоинствен изборен пораз.
Јован Деспотовски окапа во директорските фотелји на Фондот за иновации и технолошки развој и во Дирекцијата за ТИРЗ и има директна вина за катастрофалниот пораз на СДСМ. И наместо на подолг рок да замини во илегала, или барем да му се придружи на предавниците во новата партија, тој се отепа од зборување против партиските другари на кои не им е ни до колена.
Јован Деспотовски не разбрал дека лидерот треба да обединува, не да дели. Дека треба да ги почитува сопартијците, не да ги кодоши.
Заради неговото недостоинствено однесување во кампањата за избор на претседател на СДСМ, заради девалвирање на останатите противкандидати и кршење на Статутот на партијата, Јован Деспотовски треба да биди исклучен од СДСМ а неговата кандидатура поништена.
На СДСМ му треба лидер, не портарка!
ПС: Остана ли функционер на „Бихаќка“, сеедно во оставка или не, кој ќе каже СТОП за тонењето и самоуништувањето на СДСМ?
Пишува: Зоран Милошески
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грозданова: Четири сомнителни случаи во Хрватска беа…
Информациите за четири сомнителни случаи на остеитис…
„Тешко е да се живее со депресија“…
„Тешко е да се живее со депресија“,…
ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е да дојде…
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на…
Зеленски го осуди договорот на Трамп со…
Володимир Зеленски ја осуди објавата на Доналд…
Над 300 милиони луѓе во светот немаат…
На 10 октомври секоја година се одбележува…