Објавено на:

„Фато Котидијано“: Италија би можела да ѝ испорача на Украина ракети „Storm Shadow“

t

Италија би можела да ѝ испорача на Украина ракети со долг дострел „Storm Shadow“, кои потенцијално можат да се користат за напади длабоко на руска територија, пишува италијанскиот весник „Фато Котидијано“, повикувајќи се на извори.
Како што се истакнува во написот на овој весник, кој инаку е критички настроен кон властите, испораката на ова оружје во Киев значи промена на политичкиот став на премиерката Џорџа Мелони кон конфликтот во Украина.

„Сега, по гласањето, бидејќи силите фокусирани на пацифистички пораки пропаднаа, Мелони се врати на својот првичен проатлантски став…за неколку недели, владата ќе објави документ за пратките со оружје што исчезнаа за време на изборната кампања“, посочува весникот.
Министерот за одбрана Гидо Крозето има намера да го вклучи тоа оружје во деветтиот пакет воена помош на седницата на парламентарната Комисија за национална безбедност до крајот на јуни.
На списокот е и системот за противвоздушна одбрана „Самп-Т“ користен во мисијата во Кувајт.


Да потсетиме дека ракетите „Storm Shadow“ беа произведени заеднички од Франција и Велика Британија (во Франција се нарекуваат „скалп“). Нивниот домет е од 250 до 560 километри во зависност од модификациите.
Да потсетиме дека неколку западни земји му дадоа дозвола на Киев да користи странско оружје за гаѓање цели длабоко во руската територија.
Конечната одлука ќе ја донесе самитот на НАТО во Вашингтон на 9-11. јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Хаос во Италија поради одлуката на синџир…

Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…