Продолжува наездата од змии

t

На секои неколку денови има пријава за видени змии и во населени места, информираат од ЦУК.

Нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отстранување, па порано кога дежурните немаа никакви информации за некој што отстранува да им дадат и да посочат каде може да се обратат негодуваа и се лутеа– барем еден контакт да им се даде, а сега кога дежурните имаат информации и кога ќе им се даде контакт на лица кои можат да отстрануваат змии, но по претходен договор за услугата, граѓаните се лутат што тоа не е бесплатно. Но, поголемиот дел граѓани, покажуваат разбирање за тоа, како и дека не може во сезона на пожари пожарникарите да е користат секогаш плус и за такви специфични и ретки итни случаи. Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува наездата од змии

На секои неколку денови има пријава за…

ЦУК советува што да се прави ако…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) превентивно…

Внимателно при престој во природа поради појава…

ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во…

Не стивнува наездата на змии во Скопје…

Продолжуваат пријавите за присуство на змии во…

Наезда на змии во Скопје и Прилеп:…

Во ЦУК, на Единствениот повикувачки број за…