Ципрас: Единствениот пат кон европска иднина на „северна“ Македонија е да го почитува Преспанскиот договор

t

„Се потврди на секое ниво дека Преспанскиот договор е многу важен за мирот, за развојот и за соработката на овој дел од светот. Се потврди дека не само што тој е едиснтвениот пат за европска иднина на Северна Македонија, туку и за иднината на државата воопшто е да го почитува овој договор“ рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одрлжив развој во Атина.

Тој додаде дека се надева оти новата Влада и политичко лидерство во Северна Македонија е свесно за значењето на Преспанскиот договор и што ќе значи неговото прекршување.

„ЕУ исто така треба да го сфати значењето на случувањата на Западен Балкан и да имплементира активни политики во насока на интегрирање на овој дел од Европа“ рече Ципрас.

Тој додаде дека во овој период на кризи не смее да се дозволи Балканот да остане нерегулирана зона за натпревар помеѓу различни сили, бидејќи искуствата од минатото покажуваат дека тоа води кон трагедија. „Да не дозволиме национализмот да расте во овој дел од светот, бидејќи видовме каде не однесе тоа со војните во поранешна Југославија пред само 20 години“ рече Ципрас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…