(Видео) Турскиот коментатор „полуде“ по голот на Ѓулер, видеото стана хит!
Фудбалската селекција на Турција во спектакуларен натпревар извојува огромна победа од 3-1 над Грузија, во првата рунда од групната фаза на Европското првенство.
Турците и Грузијците одиграа супер-возбудлив натпревар, кој на крај беше запечатен со досега најубавиот гол на првенството. Младата турска ѕвезда Арда Ѓулер, при резултат 1-1, постигна атрактивен гол од далечина и донесе огромна еуфорија кај турските навивачи на трибините, но и кај турскиот коментатор кој падна во транс и лудо прослави.
Во второто коло Турција го игра дербито на групата против фаворизираната Португалија.
Spiker Özkan Öztürk'ün Arda Güler'in golünü yaşadığı o an. 🇹🇷 pic.twitter.com/6fLiwHFvVD
— BPT (@bpthaber) June 18, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина е подготвена за избори ако…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…
САД можеби купуваат ирански дизел преку Русија:…
Дизелот што Русија, според првичните информации, започнала…
Осомничените се обиделе да ги прегазат полицајците,…
Независниот синдикат на полицијата најостро ги осуди…
Камала Харис жестоко го нападна Трамп: Неговата…
Поранешната американска потпретседателка Камала Харис упати остри…
Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…
Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…