Ципрас: Со Зоран се боревме за промовирање на мир, истовремено штитејќи ги националните интереси на нашите земји

t

„Јас и Зоран се боревме во тешки времиња за нешто за што верувавме и се уште веруваме дека беше неопходно во тоа време, иако сите ни велеа дека не е возможно. Сакавме да промовираме мир, а истовремено заштитувајќи ги националните интереси на нашите земји, стабилноста и соработката на регионот“ рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одрлжив развој во Атина.

Тој додаде дека тој, заедно со поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев ја презеле одговорноста и го направиле тоа што е неопходно за граѓаните и покрај политичката цена која ја платија.

„Затоа оваа конференција, шест години подоцна не е само одбележување или собир за теоретски да се дискутира за големите проблеми, под превезот на лажна неутралност. Не, ова е важен политички настан кој ги гледа сегашноста и иднината и дава напор за промоција на прогресивните политики“ рече Ципрас.

Тој додаде дека на конференцијата учествуваа околу 40 говорници од цела Европа, Балканот и САД и дека сите дадоа придонес и препораки за Балканот, за мир и за иднината на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина е подготвена за избори ако…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

САД можеби купуваат ирански дизел преку Русија:…

Дизелот што Русија, според првичните информации, започнала…

Осомничените се обиделе да ги прегазат полицајците,…

Независниот синдикат на полицијата најостро ги осуди…

Камала Харис жестоко го нападна Трамп: Неговата…

Поранешната американска потпретседателка Камала Харис упати остри…

Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…

Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…