Величковски: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прави со новите министерства е префрлање од шупливо во празно
Контролата на партиите врз јавниот дискурс и потоа контролата на партиите врз јавните пари се врши со тоа што се фрла една тема пред јавноста и потоа ете, ние се занимаваме со симболи, со тоа кој каква изјава дал при преземање на функција а никој не разговара за тоа што се суштински прашања, порача Ивон Величковски во интервју за Слободен печат.
„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ денеска го прави од едно да прави две министерства, тоа е префрлање од шупливо во празно, истиот буџет се троши. Нам ни треба вистинска реформа во јавната администрација“ оцени Величковски.
Тој се осврна и на свечената изјава на претседателката Гордана Силјановска Давкова сметајќи дека тоа било чин на иредентизам.
„Да речеме конкретно, со читањето на изјавата од страна на Давкова, таа не само што прекрши дел од преземањето на функцијата, бидејќи функцијата ја преземате со потпис и со давање на одредена изјава, туку нафрли непотребна потреба за манифестирање на иредентизам кој што не смее да биде манифестиран од државник и јавен функционер“ посочи Величковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…