Објавено на:

Бог да чува… Во Франција малолетници групно силувале девојче, се сомнева дека мотивот бил религиозен

t

Двајца малолетници на возраст од 12 и 13 години се обвинети за силување, а третиот е осомничен за помагање и поттикнување на силување на 12-годишно девојче во париското предградие Курбевоа.

Како што пренесува Parisien, истрагата е отворена во саботата, на 15 јуни, по пријавата на девојчето. Според полициски извор на кој се повикува парискиот весник, малолетничката објаснила дека и пришле три момчиња и ја одвлекле во напуштен хангар во близина на нејзиниот дом. Осомничените „ја принудувале на анална и вагинална пенетрација, орален секс, со смртни закани и антисемитски навреди“, рекол истиот извор за францускиот весник.

Потоа жртвата поднела пријава во придружба на нејзините родители. Според Паризиен, едно од трите момчиња им кажало на истражителите дека дејствувал од одмазда, бидејќи жртвата од него ја криела својата еврејска вера. Друг малолетник, наводно, признал дека ја нападнал поради нејзините коментари за Палестина.

Тројца малолетници беа уапсени во понеделникот на 17 јуни. Двајца од нив се обвинети за силување, додека третиот е осомничен дека помагал и бил сведок на силувањето. На најмладиот осомничен 12 години изречена му е привремена воспитна мерка, а на другите двајца им е одредена мерка притвор, посочуваат од обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пријавени проблеми со итниот број 911 низ…

Од Соединетите Американски Држави пристигнуваат извештаи за…

Мосад им помогнал на Македонија и на…

Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…

САД извршија напад врз иранска локација за…

Американската војска денеска изврши нови воздушни напади…

Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални…

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го…

Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог,…

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната…