Објавено на:

20 јуни 1963 – Воспоставен бил „црвениот телефон“ меѓу Вашингтон и Москва

t

На денешен ден, 20 јуни, во 1963 година, САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба за воспоставување на „црвен телефон“, меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија е воспоставена по кубанската криза заради итни консултации меѓу шефовите на двете велесили во критични ситуации.

Поводот беше Кубанската криза. На 20 јуни 1963 година дипломати од висок ранг во Женева договорија воведување „жешка линија“. Беа договорени техничките детали, преземени мерки против шпионажа, меѓусебно усогласени кириличните и латинските тастатури. Од август 1963 беше воспоставена врска, замислена да служи само во воени кризни ситуации. Не можат да бидат потврдени гласините според кои „жешката линија“ првпат била искористена во ноември 1963, за Кремљ да биде информиран за убиството на Кенеди.

До денес на двете страни седат по двајца службеници во секоја смена, кои течно зборуваат англиски и руски. Ако стигне итна порака, службениците, барем на американска страна, одат директно кај претседателот. Врската беше користена и во 1971 година за време на индиско-пакистанската војна, потоа во 1974, кога Турција го окупираше Кипар. Во 1979 година шефот на Кремљ Брежњев ја информираше Белата куќа за влегувањето во Авганистан.

За време на Првата заливска војна, американскиот претседател Џорџ Буш и рускиот, Михаил Горбачов, често комуницираа преку оваа линија. Горбачов дури испраќаше рачно напишани пораки и географски карти по факс. Понекогаш линијата мирува со години. Но, повеќепати дневно таа се проверува со испраќање неполитички кратки пораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…