Мицкоски го нарече Мицотакис Талибанец – се користи со талибански и анахрони методи
Откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ му се закани на Христијан Мицкоски дека ќе се најде во многу непријатна ситуација на самитот на НАТО ако не го користи новото име на државата, Мицкоски му одоговори на денешната прес-конференција дека е Талибанец.
„Премиерот на Северна Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот, рече грчкиот премиер.
Мицотакис додаде и дека Договорот од Преспа обезбедил едно име за севкупна употреба, а не двојна формула и го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го покрене на НАТО Самтитот во првата половина на јули.
Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање, бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Северна Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка, рече Мицотакис.
Мицкоски му порача на Мицотакис дека неговата изјава е анахрона и спротивна на Копенхашките критериуми порачувајќи дека е подготвен да го погледне во очи и да се соочи со него со аргументи.
-Тоа се анахрони изјави спротивни на Копенхашките критериуми, но јас се подготвувам за Самитот на НАТО со аргуметни , вели Мицкоски.
Мицоски истанака дека Мицотакис се однесува талибански и се користи со талибански методи за заплашување на Република Македонија.
-Ги сакам предзвиците. Мојата позиција е јасна. Доколку во Европа постојат европски политичари кои се претставуваат како современи и модерни, како политичари од 21-от век, а сепак во себе имаат талибански мотиви и сакаат да го загрозат човековото право загарантирано со меѓународни конвенции, јас сум подготвен да дебатирам. Јас сакам да градиме мостови, а не да ги уриваме. Да разговараме врз основа на факти и аргументи каде било, и на Самитот на НАТО и во Атина и во Брисел и во Скопје. Ако ги слушавме тие нивни пораки веќе требаше да отпочне ратификацијата на протоколот на нашиот влез во ЕУ бидејќи се сеќавам дека политичари кои денеска се гласни за почитување на Преспанскиот договор пред 6 години ме гледаа во очи и ми велеа: ‘Христијан, само уште ова да го прифатите и вие сте за пет – шест години дело од ЕУ’. Би сакал нив да ги погледнам во очи и јас да им кажам дека се нечесни и дека даваат лажни изјави со кои го манипулираат овој мал, драг и скапоцен народ во срцето на Балканот. Додека има манипулации и двојни стандарди, додека не се држиме до Копенхашките критериуми и европските вредности дефинирани од Де Гаспер, Шуман и Аденауер, ќе ни се случуваат вакви анахрони изјави и талибански методи и враќања во стариот век, изјави Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски во врска со употребата на уставното име денеска повтори дека неговата позиција е јасна и за неа никој не треба да има дилема и оти е подготвен да аргументира и да дебатира во врска со тоа. Иако претходно Мицкоски им ветуваше на гласачите дека нема да ја користи срамната придавка Северна, во последниот негов настап во Тема на денот на Сител тој истакна дека ќе го употреби уставното име на државата Република Северна Македонија при давање на заклетвата.
-Заклетвата како нов премиер ќе ја дадам со уставното име на државата, тоа е јасно. Во моите настапи во странство ќе го користам уставното име на државата со придавката. Не можеме да се однесуваме со двојни стандарди, не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите и уставот, а ние да не ги почитуваме, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…