Каде е македонското знаме?! Касами се сретна со Ванхојте во Скопје – ќе биле гаранција на европскиот пат
Лидерот на БЕСА, Биљал Касами, денеска во Скопје се сретна со Питер Ванхојте, „зачудувачки“ без ниту едно македонско знаме на фоторафиите.
За средбата Касами се пофали со објава на Фејсбук.
– Денеска во седиштето на Движењето БЕСА во Скопје го примив емисарот на Европската Унија во Северна Македонија, Питер Ванхојте, со кого разговаравме за чекорите на нашата земја кон интеграција во европското семејство.
Го поздравив многу амбициозниот план за евроинтегративниот пат на Северна Македонија што ми го претстави г. Ванхојте, каде истакнав дека Движењето БЕСА и коалицијата ВЛЕН ќе бидат силна гаранција и поддржувач на интеграцијата на земјата кон Европската Унија. – напиша Касами во објрава на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…