Објавено на:

Продолжи судењето на родителите на Коста Кецмановиќ за масакрот во белградското училиште

t

Во Вишиот суд во Белград денеска со излагање на одбраната треба да продолжи судењето на таткото и мајката на момчето кое на 3 мај уби девет деца и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“.

Миљана Кецмановиќ дојде на судењето нешто пред 11 часот, непосредно пред почетокот на рочиштето, објавија медиумите во Белград.

На судењето на родителите на момчето убиец, Ратко Ивановиќ, сопственикот на стрелачкиот клуб, каде, како што се сомнева, малолетниот убиец научил да пука, а потоа инструкторот во тој клуб, Немања Маринковиќ денеска треба да ја изнесеат својата одбрана.

И двајцата се товарат за кривично дело давање лажен исказ, бидејќи како што се сомневаат во обвинителството тврделе дека момчето убиец не пукало во тој клуб.

Ивановиќ и Маринковиќ на претходното судење изјавија дека не се чувствуваат добро, поради што нивното излагање беше одложено за денеска.

Мајката Миљана и таткото Владимир Кецмановиќ на претходните судења ја даваа својата одбрана и одговараа на прашањата на обвинителството, судот, бранителите и оштетените, но тие не сакаа да одговорат на прашањата на адвокатите на оштетените.

Сопружниците Кецмановиќ од почетокот на оваа постапка ја негира вината.

Во овој случај, судот го затвори судењето за јавноста поради заштита на интересите на малолетните жртви.

За што се обвинети родителите на момчето убиец?
Таткото на момчето е обвинет дека сторил кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи на стрелиште однел 13-годишно дете и го научил да пука, како и за несоодветно чување на оружје во куќата.

Мајката на Миљана Кецмановиќ беше обвинета затоа што нејзината ДНК била пронајдена на чаура во училницата каде што бил извршен масакрот.

Момчето убиец, кое во моментот на ова злосторство сè уште немало 14 години, а со тоа и кривично не одговара, пукало во своите пријатели со двата пиштоли на татко му кои ги зел на 1 мај минатата година.

Кобниот ден со тие пиштоли во текот на првиот час во училиштетото „Владислав Рибникар“ уби 10 лица и рани уште пет деца и наставничката по историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) РОДНИОТ ГРАД НА ПУТИН ВО ПЛАМЕН!…

Голем број експлозии и пожари биле пријавени…

Рама не попушта пред масовните протести: „И…

Албанската полиција се судри со стотици демонстранти…

Шведска и Франција на врвот по силувања…

Шведска и Франција пријавуваат десетици пати повеќе…

Канадскиот премиер потврди сериозен инцидент во воена…

Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека се…

(Видео) Загинати и повредени во голем пожар…

Загинати и повредени во голем пожар во…