Објавено на:

„ЕВРОПА НЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗАПАДЕН БАЛКАН“: Борел бара да се забрза процесот на проширување

t

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека Европа не е целосна додека Западен Балкан не стане дел од неа и дека е неопходно да се забрза процесот на проширување, што досега предолго се одложува.

– Претходното проширување беше успешна приказна. Понатамошното проширување исто така ќе биде успешна приказна. Проблемот е што беше одложено предолго. Сега мораме да го забрзаме. Да не заборавиме дека Европа не е комплетна додека (земјите од Западен Балкан) не станат членки – рече тој во обраќањето на Форумот на Европа по добивањето на наградата Алојз Мок.

Наградата на форумот му ја врачи министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг.

Борел истакна дека клучниот збор на првиот бран на проширување на ЕУ бил пазарот, денес клучниот збор е безбедноста.

– Нема сомнеж и верувам дека се согласуваме дека Западен Балкан е веќе дел од европското семејство, му припаѓа. Секогаш сум строг кон оние кои тврдат дека регионот е дворот на ЕУ, тоа е целосно погрешно Не сме целосни додека не бидат дел од нашите семејства и мораме да го забрзаме овој процес – рече Шаленбегр.

Европскиот форум се одржува во Вахау, Австрија и продолжува до утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…