НАТО ѝ се закани на Кина со санкции поради поддршката на Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата во одреден момент би можела да размисли за воведување санкции кон Кина поради нејзината поддршка за Русија.
„Сојузниците на НАТО во одреден момент треба да размислат за воведување одредени економски санкции или ограничувања доколку Кина не престане да ја поддржува Русија“, рече тој во интервју за Си-Ен-Ен.
Според него, Кина со своите постапки само го „подгрева“ украинскиот конфликт.
„Кина не може, од една страна, да продолжи да има нормални трговски односи со своите европски сојузници од НАТО, а од друга да го подгрева најсериозниот конфликт во Европа по Втората светска војна“, посочи Столтенберг.
Претходно, министерот за одбрана на Велика Британија, Грант Шапс, изјави дека Лондон и Вашингтон наводно имаат докази дека Кина и снабдува или има намера да и испорача на Русија оружје што би се користело во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…