Објавено на:

Матичниот клуб од Русија ќе го казни Мирлинд Даку за пцуењето на Србите и Македонците

t

Тимот на Рубин Казан кој претходно изрази само разочарување со ново соопштение најави дека репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку сепак ќе добие и казна.

Даку во овој момент е со репрезентацијата на Албанија на Европското првенство, а по враќањето во клубот ќе доби казна која засега не е познато каква ќе биде.

„По натпреварот помеѓу Албанија и Хрватска, Мирлинд Даку испрати навреди. Нашиот клуб презема одговорнност за тоа што се случи. Во Рубин се сметаме за мултинационален клуб и секогаш ги поддржуваме принципите на еднаквост. По враќањето на Даку од Европското првенство, Рубин ќе донесе дисциплински и финансиски санкции за нашиот фудбалер. Покрај тоа ќе разговараме со него за во иднина да се повторуваат вакви или слични инциденти“, објавија од Рубин.

Во изминатата сезона за Рубин Даку на 28 натпревари постигна десет гола, член на Рубин е од лани кога пристигна од Осијек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…