Објавено на:

Се јави и таткото на пцујачот Даку: Син ми не заслужува да биде исфрлен од првенството

t

Албанскиот фудбалер Мирлинд Даку беше мета на остри критики откако ги пцуеше Србите и Македонците по натпреварот на неговата репрезентација против Хрватска на Европското првенство во Германија. Тој веќе заработи парична казна од својот клуб Рубин Казан, а сега проговори и неговиот татко.

– Мирлинд е емотивна и експлозивна личност. Тоа не го направи намерно и веќе се извини. Не верувам дека ќе се прости од ЕП. Погрешно е да се повикува на масакр на Срби, син ми ќе знае дека згрешил. Знаете каква поддршка има во Хрватска, Словенија и сега – во Русија; сите го знаат неговото однесување како фудбалер. Го понесоа емоциите, не заслужува да биде отстранет од турнирот – изјави неговиот татко Фехми Даку за руските медиуми.

Мирлинд се фотографираше со затворениот косовски новинар Арлинд Садику, кој исто така испрати националистичка порака пред натпреварот со Шпанија, прикажувајќи двоглав орел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ