Денеска истекува рокот за активирање на членството за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ

t

Вечерва на полноќ истекува рокот за регистрација на членовите за гласање на внатрепартиските избори во СДСМ. До 12 часот денеска пресекот на регистрирани членови е 21 илјада, но од партијата за ТВ 24 велат дека очекуваат бројката да расте.

Кандидатите за претседател на партијата Славјанка Петровска, Јован Десоптовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски секојдневно остваруваат средби со партиското членство низ државата. Според актуелниот диретктор на ТИРЗ Деспотовски волјата на членството е што побрзо да се случат промени во партијата. Потенцира дека постои загриженост за тоа каков изборен процес ќе има во СДСМ.

Постои загриженост, иако доста помала од пред три години, за тоа каков изборен процес ќе имаме. Затоа велам, одговорноста и оваа борба е наша заедничка. На 30.06 сите имаме обврска да дадеме придонес да имаме кристално чисти избори кои ќе ја отсликуваат реалната волја на членовите, онака како што и доликува на СДСМ .

Поранешниот министер Венко Филипче пред членството во Битола најави Формирање на Комисија за етика која според него е чекор кон создавање подемократска и поодговорна СДСМ.

– Историски гледано, партијата се соочи со случаи на несоодветно однесување на партиските функционери, често поради недостаток на ефективен надзор и внатрешна контрола. Ваквите случаи сериозно го нарушија угледот на партијата и ја поткопаа довербата на јавноста. – рече : Венко Филипче кандидат за лидер на СДСМ.

Едниствната жена меѓу кандидатите за лидеркосто столче во СДСМ, поранешната министрека за одбрана Славјанка Петровска смета дека месните организации се сржта, основната клетка на постоење на една политичка партија.

Поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација пак Александар Бајдевски, вели дека тоа што секогаш чесно работел во изминативе 30 години како дел од партијата го охрабрило да се кандидира за лидер, тој најавува враќање на партиската идеологија.

Од другастрана пораншениот потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи изјави дека иако секојдневно размислувал за можното водење на социјалдемократите, сепак не се вклучил во трката за лидерската позиција. Според него еден од четворицата кандидати за лидер на СДСМ води лична битка.

– Ова е битка за партијата, за државотворна партија која покажала низ децении дека се грижи за сите. Не многу, еден од четворицата. Луѓе кои претходно бојкотирале или воопшто не ги поддржувале партиските активности, а секогаш добивале од нејзе, не може да претендираат за претседателскиот врв. – рече Битиќи.

Изборите за прв човек на СДСМ се закажани за 30 јуни, откако поранешниот лидер Димитар Ковачевски по поразот на парламентарните и претседателските избори си поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…