ЦУК: Во поплавена куќа во Јегуновце има заглавено семејство

t

Во поплавена куќа во општина Јегуновце во с. Сиричино има заглавено семејство, информира Центарот за управување со кризи.

Тетовската ТППЕ работи на нивно извлекување.

По повеќе од еден час насилно невреме во Тетово, дождот конечно престана, оставајќи зад себе големи последици. Тетовци, со помош на екипите од Противпожарната единица, започнаа со чистење на подрумите, гаражите и влезовите на куќите од надојдената вода. Најмногу штети се регистрирани на неколку критични точки во градот, вклучувајќи ги и населбата спроти касарната, куќите во близина на текстилното училиште и подвозникот кон Скопје. Со оглед на тоа дека ова не е прв пат Тетово да се соочи со вакви настани, штетите од поплавите повторно се значителни.

Невремето направило големи штети и на земјоделските и овошните насади во Тетовскиот Регион, но засега нема официјални информации колкави се тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…