Европскиот фронт ја напушти салата пред да се гласа за новата Влада

t

Европскиот фронт ја напушти седницата пред гласањето на новата Влада. Изразуваме револт што ова мнозинство го почнува првиот ден со обид да се спречи слободниот говор на пратеник.

-ВМРО заедно со нивните слуги и вазали од ВЛЕН на говор на еден пратеник пријавија 42 реплики. Ако вака мислат дека ќе оневозможат да се каже тоа што е вистина, нема да успеат. Само ќе ни дадат повеќе сила и ние ќе го браниме легитимитетот што го добивме. Првиот легитимитет нумерички кај Албанците и другите етнички заедници е на европскиот фронт, 30.000 гласа повеќе. Исто и во пратеници 14 со 18 и со изборен инженеринг,вели Села.

-Кога не се држиш до главните верувања кои ги имаш дадено кај граѓаните, тој ден го губиш добиениот легитимитет. Никаде во програмата на Мицкоски не постои збор албански, турски, ромски и слично. Нема ниту една реченица од програмата на ВЛЕН, додаде Села.

Во Собранието денес продолжува расправата за гласање на новата Влада.

Мандатарот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред пратениците ја презентираше владината програма. До вечерва Македонија ќе добие нова Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина е подготвена за избори ако…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

САД можеби купуваат ирански дизел преку Русија:…

Дизелот што Русија, според првичните информации, започнала…

Осомничените се обиделе да ги прегазат полицајците,…

Независниот синдикат на полицијата најостро ги осуди…

Камала Харис жестоко го нападна Трамп: Неговата…

Поранешната американска потпретседателка Камала Харис упати остри…

Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…

Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…