Македонија доби нова Влада
Република Македонија доби нова Влада на чело со Христијан Мицкоски како премиер. Владата беше избрана со 77 гласа за и 22 гласа против.
Пратениците на Европскиот фронт ја напуштија салата половина час пред да биде изгласана Владата.
заменик-претседател на Владата и министер за транспорт е Александар Николовски. Министерството за одбрана ќе го води Владо Мисајловски, а досегашниот технички министер Панче Тошковски ќе остане да раководи со МВР. Гордана Димитриевска Кочовска е предлог за министер за финансии, додека ракометарот Борко Ристевски ќе го води Министерството за спорт. Министерството за надворешни работи ќе го води Тимчо Муцунски, а Златко Перински ќе биде на чело на Министерството за локална самоуправа.
За министер за информатичко општество и дигитална трансформација е предложен Стефан Андоновски додека новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ќе го води Сања Божиновска. Предлог министер за земјоделие е Цветан Трипуновски додека Министерството за култура и туризам ќе го води актерот Зоран Љутков. Предлог министер за образование и наука е Весна Јаневска.
Љупчо Димовски, претседател на Социјалнистичката партија на Македонија (СПМ) ќе биде заменик-претседател на Владата одговорен за политички систем, Иван Стоиљковиќ, заменик-претседател на Влада и односи меѓу заедниците а Шабан Салиу ќе биде министер без ресор.
Од Коалицијата „Вреди“, предлагаат министер за европски прашања да биде Орхан Муртезани од Алтернатива, министер за животна средина и вицепремиер – Изет Меџити лидерот на Демократско движење, министер за социјална политика, демографија и млади – Фатмир Лимаи од Беса, министер за економија и труд – Бесар Дурмиши од Беса и министер за здравство Арбен Таравари.
Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за администрација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…