Левица: Уапсени моќници со дрога блиски до Максим Димитриевски и ЗНАМ во Охрид

t

УАПСЕНИ МОЌНИЦИ СО ДРОГА, БЛИСКИ ДО МАКСИМ И ЗНАМ ВО ОХРИД – велат од политичката партија Левица.

– Во текот на минатата недела, во акција на Охридската полиција, со поголема количина дрога беа уапсени три лица, за што им е изречена и мерка притвор. Иако се работи за поголема акција на полицијата, иако праксата на МВР е задолжително да ја информира јавноста – МВР овој пат МОЛЧИ! Настанот е евидентиран само во Дневниот билтен, додека отсуствува било каква информација до медиумите.

Јавноста треба да знае дека се работи за лица кои се директни поддржувачи и финансиери на партијата на Максим Димитриевски, па оттука Левица јавно прашува дали Министерството за правда е доделено на оваа партија за да ги штити криминалците во своите редови кои директно ја финансираат?!

Ја информираме јавноста дека овие лица одамна ѝ се познати на полицијата по своите криминогени активности, но поради нивните врски со високи функционери, истите никогаш не се изведени пред лицето на правдата. Впрочем, уапсените лица се во роднински врски со џелатот на транзицијата – Бранко ЦРВЕНКОВСКИ и истите јавно ја поддржаа партијата ЗНАМ на последните избори.

Левица го повикува новоизбраниот министер на МВР, Панче ТОШКОВСКИ, да не се обиде да го заташкува овој случај, со цел да го заштити својот помал коалиционен партнер! Јасно е дека проектот ЗНАМ е составен од истрошени политичари и криминални финансиери, кои биле директно дел од трулиот систем на неказнивост и како такви, немаат ниту капацитет, ниту политичка волја да спроведат реална промена за обичните граѓани! – напишаа од Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…