Марјан Шокаровски вратен за директор на Кардиохирургија

t

Доктор Марјан Шокаровски кој беше разрешен од претходниот министер за здравство Илир Демири, од викендов повторно е директор на Државна Кардиохирургија. Оваа информација ја потврди министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на хируршките клиники. Причината за разрешувањето на Шокаровски, според екс министерот Демири, беше зголемената смртност на државна Кардиохирургија и тоа што вршел мобинг врз професорот Сашко Јовев.

Шокаровски тврдеше дека смртноста на државна Кардиохирургија е намалена, а обемот на операции зголемен, наоди кои се спротивни на оние од стручната комисија за испитување на смртноста што ја креираше Демири која во извештај констатираше зголемена смртност и тоа за кардиохируршките интервенции а не за васкуларните.

Антикорупциска комисија смета дека разрешувањето на Шокаровски е незаконско и дека со него се прекршени Законот за спречување корупција и Законот за здравствена заштита.

Демири пак го пријави Шокаровски во Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВУЛИН ЗА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД: Не жалам што…

Претседателот на Владата на Република Србија, Александар…

Руте повика на поддршка за Украина, ЕУ…

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска,…

Добри вести: Пронајден е малиот Игор од…

Пронајдено е петгодишното момче Игор oд Србија,…

Таткото на терористот од Белград откри се:…

Милош Жујовиќ (25), кој во терористички напад…

Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието за прв пат…

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан…