Шаленберг: Неопходно е проширувањето на ЕУ да се турка напред поради безбедноста

t

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг изјави дека безбедноста и стабилноста се геостратешка цел на Европската Унија и поради тоа идејата за проширување на Унијата мора да се турка напред.

Пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите – членки на ЕУ, што се одржува во Луксембург, тој рече дека Австрија се залага за концептот на постепена интеграција.

„Значи, не мора секогаш да биде полноправно членство, но можете да се движите кон него чекор по чекор без да ја жртвувате крајната цел на полноправно членство. Досега имавме начин на размислување – или полноправно членство или ништо. И кажувам, на пример, тоа нас не спречува некои држави од Западен Балкан да ги вклучиме во трансевропската мрежа“, додаде Шаленберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…