Мицкоски: Македонија ќе ја биде ние можеме да направиме многу повеќе за нашата држава
На првиот ден како премиер, Христијан Мицкоски беше на посета во Штип, каде што заедно со новиот министер за здравство Арбен Таравари ја посетија болницата во Штип, а претходно поставија камен темелник на спортски центар во истиот град.
Мицкоски во изјава за медиумите рече дека Македонија ќе ја биде, и дека е горд што оваа влада го почнува мандатот со проекти.
„Најпрво бевме на ставање на камен темелник на спортскиот центар Џексон, проект кој е финансиран од владата, а благодарение на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потпишан е пратеникот Никола Мицевски. Овој проект е од претходниот парламентарен состав, и јас сум горд што веднаш со проекти ќе го почнеме мандатот. Убеден сум дека тоа ќе ја врати надежда, дека Македонија ќе ја биде, и дека ние можеме да направиме многу повеќе за нашата држава“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…