Објавено на:

Дали 16-годишниот Јамал ќе смее да игра по 21 часот?

t

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Хрватска со 3:0, а потоа и Италија со 1:0 во првите два меча на ЕП и пред последното коло од групната фаза го обезбеди првото место во групата Б и пласман во осминафиналето.

Ламине Јамал (16) на двата натпревари беше дел од стартната постава, но прашање е дали ќе биде и во третиот, бидејќи ноќната работа во Германија е забранета за лица помлади од 18 години.

За тоа пишуваат и шпанските и германските медиуми кои потсетуваат дека има и исклучоци кои се однесуваат на спортот. Сепак, дури и со овие исклучоци, прашање е што значи тоа за Јамал. Натпреварот на Шпанија против Албанија исто како и Хрватска против Италија започнува во 21 часот.

Според германскиот закон, лицата помлади од 18 години, без разлика дали се Германци или странци, не смеат да работат по 20 часот. Исклучок во спортот е што им е дозволено да бидат активни до 23 часот, но со тоа што до тоа време треба да завршат и со туширање и медиумски обврски. Ако Јамал го одигра натпреварот до крај, ќе го прекрши законот.

И покрај тоа, и германските и шпанските медиуми се согласуваат дека тоа најверојатно нема да се случи и дека Шпанците најверојатно ќе ја избегнат казната од 30.000 евра, која инаку би морале да ја платат поради прекршување на законот. Јамал на натпреварот против Хрватска одигра 86 минути, а против Италија 71 минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…