Вардар се засили со холандски репрезентативец!
Репрезентативецот на Холандија Ларс Коиј кој игра на позицијата пивотмен ќе биде ново засилување за Вардар.
Коиј кој има 23 години пристигнувао од екипата на Хем Вестфален од Германија и со Вардар потпиша двегодишен договор.
„Возбуден сум поради мојот трансфер во РК Вардар. Приклучувањето кон еден ваков престижен и докажан клуб е вистинска чест. Навистина сум возбуден поради можностите и предизвиците што ми претстојат. Сакам да ги покажам своите вештини на друго ниво и да научам повеќе и различни работи за да растам како играч. Нестрплив сум да дадам се од себе на теренот и да имам позитивно влијание и на теренот и надвор од него, изјави Ларс при потпишувањето на договорот“, изјави Коиј.
Дебито за националниот тим го имаше во 2020 година во натпревар против Турција, а со Холандија настапуваше на Европското првенство во 2022 и 2024 година. Вкупно за Холандија собра 25 настапи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камала Харис го избра кандидатот за потпретседател
Дури четворица блиски до Харис тврдат дека…
Камала Харис избра кандидат за потпретседател
Потпретседателката на Соединетите Американски Држави и најверојатниот…
Голема трагедија: 18-годишно момче од с.Истибања загина,…
Денеска (06.08.2024) во 02.37 часот во Полициската…
Хезболах го нападна северниот дел на Израел…
Петмина членови на Хезболах се убиени денеска…
Мачињата предат – Немаат храброст ниту со…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека…