Објавено на:

Дрска кражба во Скопје, се бара притвор за осомничениот

t

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело- Тешка кражба на дрзок начин согласно 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

На 24 јуни, на улицата “Разловечко востание” во Скопје, во близина на супермаркет, осомничениот се доближил позади грб на една оштетена, ја фатил за левото рамо, а со другата рака и го скинал златното ланче со приврзок од вратот и го украл, стекнувајќи се со противправна корист од околу 30.000 денари. Со трчање избегал кон автобуска постојка на булеварот “Партизански одреди” и се качил во автобус.

Полициски службеници го лишиле од слобода 15 минути подоцна, на автобуската станица кај Симпо, при што кај него го пронашле украденото ланче.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, кој може да се даде во бегство или да го повтори делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црното море станува се поопасно за трговските…

Нападите со дронови врз трговски бродови во…

Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…

Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…

Булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување, Ѓорѓиевски:…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

СДСМ: Без табуа, со знаење – младите…

Соопштение за јавност На младинската трибина на…

(Видео) Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите…

Студентите и средношколците продолжија и денеска, четврти…