Писонеро: Европскиот пат зависи од уставните измени

t

Европската унија ќе работи одблизу со новата македонска влада за спроведување на реформската агенда и продолжување по евроинтегративниот пат. Сепак, од Брисел со порака, Македонија се обврза на уставни измени.

„Од наша страна, му честитавме на премиерот Мицкоски и на новите министри по формирањето на коалициската влада во Северна Македонија. ЕУ тесно ќе соработува со новата влада за да постигне напредок во значајните реформи и да го унапреди патот на Северна Македонија кон ЕУ, мислам дека пораката е јасна“, изјави портпаролката на Европската Комисијата за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

Писонеро посочи дека Северна Македонија мора максимално да го искористи моментумот што постои за проширувањето за да продолжи одлучно на својот пат кон ЕУ. Сите добро знаете дека Европскиот совет јасно кажа што очекува од Северна Македонија. И очигледно ова е поврзано и со уставните амандмани што Северна Македонија суштински се обврза да ги направи за да може да оди напред на својот пат кон Европската Унија, нагласи портпаролката на ЕК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…