Објавено на:

(ВИДЕО) Хаос во Кенија, луѓе упаднаа во парламентот, полусестрата на Обама погодена со солзавец

t

Кенијците протестираат против зголемувањето на даноците, а многумина бараат оставка од претседателот Вилијам Руто
Активистката од Кенија, Аума Обама, полусестра на поранешниот американски претседател Барак Обама, беше меѓу демонстрантите врз кои полицијата употреби солзавец пред зградата на парламентот во Најроби, објави Си-ен-ен.

Полицијата отвори оган врз демонстрантите кои се обидоа да упаднат во зградата на парламентот.

Најмалку пет демонстранти загинаа, десетици беа повредени, а делови од зградата на парламентот беа запалени додека пратениците го усвојуваа законот за зголемување на даноците. Законот треба уште да го одобри претседателот.
На видеото се гледа како новинарот на Си-ен-ен ја повлекува Аума Обама и ја прашува зошто е таму.

„Тука сум затоа што погледнете што се случува. Младите Кенијци протестираат за своите права. Тие протестираат со знамиња и транспаренти. Не можат веќе ниту да гледаат. Ни фрлија солзавец“,вели таа кашлајќи од чадот.
Демонстрант зад неа носи транспарент на кој пишува: „Колонијализмот во Кенија никогаш не заврши“, а друг извикува: „Ова е нашата земја. Ова е нашата нација“.

Аума Обама објави фотографии на Твитер на кои се гледа како учествува на протестите.
енијците протестираат против зголемувањето на даноците, а многумина бараат оставка од претседателот Вилијам Руто.

Руто победи на изборите пред речиси две години промовирајќи се себеси како претставник на сиромашните работници, но се најде заглавен меѓу конкурентните барања на заемодавците, како што е Меѓународниот монетарен фонд, кој бара од владата да го намали дефицитот за да добие пристап до повеќе средства, и барањата на граѓаните.

Кенијците се борат со економската криза предизвикана од пандемијата на ковид-19, војната во Украина, две последователни години суша и девалвација на националната валута.

Со новиот закон се бара да се соберат дополнителни 2,7 милијарди долари даноци со цел да се намали долгот, со оглед на тоа што само плаќањата на каматите сочинуваат 37 отсто од годишниот приход на земјата.

Владата веќе направи одредени отстапки, ветувајќи дека ќе се откаже од новите даноци за леб, масло за јадење, автомобили и финансиски трансакции. Но, тоа не беше доволно за да ги задоволи демонстрантите.

Во масовните протести низ целата земја минатата недела беа повредени најмалку 200 лица, едно лице загина, а повеќе од 100 беа уапсени.


https://x.com/AumaObama/status/1805546237925482947/photo/1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Хаос во Кенија, луѓе упаднаа во…

Кенијците протестираат против зголемувањето на даноците, а…

ХОРОР: 10-годишно дете се обидело да спречи…

Маж од Велика Британија фрлил 10-годишно дете…

Брат и сестра загинаа во страшна сообраќајка…

Како што потврдиле за Индекс, во несреќата загинале брат…

Малолетниот сериски убиец од Виена му се…

Тинејџерот (17) од Австрија, кој минатата недела…

КФОР ја спроведе вежбата „Златна сабја“ за…

Регионалната команда Запад во кампот Ново Село…