Кварцхелија за дуелот со Португалија: Се надевам дека Кристијано Роналдо ќе ми го даде дресот
Најдобриот грузиски фудбалер, Квича Кварацхелија, ги сподели своите очекувања за натпреварот со Португалија од 3. коло од групата Ф Европското првенство.
Не се чувствувам нервозен. Сонував да играм против Роналдо. Тој повеќе не настапува во Европа, но соништата се остваруваат. Се надевам дека ќе ми го даде својот дрес. Можевме да постигнеме повеќе со Чешка и Турција, но искуството одлучува многу. Не дојдовме овде како туристи и сè уште имаме шанса да одиме понатаму, изјави Кварахцелија за „РБ Спорт“.
Грузиската репрезентација загуби од Турција (1:3) во првото коло, а одигра нерешено 1:1 со Чешка во 2. коло на ЕУРО2024 година. Со овие резултати, Грузија е на последното место во групата е пред испаѓање од турнирот. За да избегнат такво нешто, на Грузијците им е потребна победа.
Натпреварот против Грузија – Португалија ќе се игра во Гелзенкирхен со почеток во 21 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…