ДЗР: ВМРО-ДПМНЕ не ја „средила“ Белата палата, СДСМ нема имотни листови на одредени објекти, ДУИ наплатила повиска членарина

t

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ не ги спровеле во целост дадените препораки на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Единствена партија која го исполнила препорачаното е Алтернатива. Ова го покажа извршената ревизија на ДЗР, направена во декември минатата година.

Во однос на ВМРО-ДПМНЕ, ревизорите утврдиле дека во Конечниот извештај дадена e една препорака и таа не е спроведена. Препораката се однесува за соодветно искажување на имот во Билансот на состојба.

-Одговорните лица на ВМРО – ДПМНЕ по завршување на постапката поведена пред надлежните органи, да преземат мерки и активности за соодветно искажување на недвижниот имот во Билансот на состојба. Утврдената состојба која се однесува на судската постапка поведена од страна на надлежните органи во месец октомври 2018 година, со која на ВМРО – ДПМНЕ му се забранува дел од недвижниот имот/градежни објекти, сопственост на партијата, да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп, се до завршување на постапката пред надлежниот орган, која влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во Билансот на состојба, за која Овластениот државен ревизор извести во конечните извештаи од извршените ревизии во минати години, останува непроменета. Истакнуваме дека во текот на 2022 година донесена е пресуда од страна на надлежниот суд, по која е доставена жалба од страна на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. До денот на известување од извршената ревизија, постапката сè уште не е завршена, стои во извештајот на ДЗР.

За СДСМ, ревизорите утврдиле дека од две препораки дадени во Конечниот извештај, спроведувањето на една е во тек, а една препорака не е спроведена.

-Во делот на усогласеност со закони и прописи, утврдивме дека за дадената препорака за продолжување на отпочнатите активности за утврдување на сопственоста на објектите кои се користат, нивно запишување во Агенцијата за катастар на недвижности и соодветно евидентирање во деловните книги на партијата, во тек се активности за уредување на правото на сопственост над објектите со недефиниран сопственички статус кои СДСМ ги користи, утврдиле ревизорите.

ДРЗ препорачува одговорното лице на партијата да продолжи со отпочнатите активности за утврдување на сопственоста на објектите кои се користат, нивно запишување во Агенцијата за катастар на недвижности и соодветно евидентирање во деловните книги на партијата.

Во однос на препораката за донесување на акт за доуредување на начинот на прибирање, уплата и известување за поединечните износи на средства по основ од членарина, заради потврдување дека поединечните износи на членарина се во рамките на законски утврдениот лимит, не се преземени мерки и активности за спроведување на истата.

Ревизијата покажала дека во ДУИ имало уплати за членарина во партијата поголеми од дозволениот износ.

-Висината на членарината како еден од приватните извори на финансирање на политичките партии, кој членот на партијата го плаќа годишно како редовен износ е уредена со член 14 од Законот за финансирање на политичките партии согласно кој „износот на членарината за период од една година на секој член поединечно, не смее да биде повисок од една просечна исплатена нето-плата во Македонија. Со извршениот увид во Годишниот извештај за членарини за 2022 година, ревизијата утврди дека констатираната состојба во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2021 година, како и во конечните извештаи за минати години не е промената, односно и во 2022 година начинот и висината на средствата по основ на членарина се утврдени со Одлуката1, согласно која членарината е утврдена во висина од 5% од платата на избраните и именувате лица од ДУИ, со која се овозможува уплата на средства за членарина над законски утврдениот лимит, забележува ДЗР.

За Алтернатива, ревизорите утврдиле дека дадена е една препорака и истата е спроведена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Блискиот Исток е на работ на…

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…

(Видео) Aпасиев со шах-мат потег за Мицкоски:…

Левица поднесе иницијатива за интерпелација на претседателот…

СДСМ: Обвинителството да го повика Мицкоски на…

Мицкоски од вчера молчи на повиците на…

Тешка сообраќјна несреќа во Струга

На 5-ти август 2024 година, во 22:00…

Средба Муцунски – Агелер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…