Груевски ги наброја дел од проектите кои ги почна неговата Влада, а СДСМ не ги заврши – еве одлична идеја од каде да почне Владата на Мицкоски

t

Новиот објект на ЕЛЕМ стои завршен, наместено внатре и празна со луѓе зграда цели 7 години на забот на времето; Стотици други целосно завршени или при крај со градба проекти беа запрени без образложение на штета на народот и државата

Седум години вработените во ЕСМ, во старата зграда во центарот на Скопје, чекаат да се преселат во новиот објект, кој е завршен, па и наместен со мебел и компјутери, но не е пуштен во употреба.

Како оправдување се користеа невистинити шпекулации дека имало некој проблем со градбата кој никој јавно и официјално не го кажа седум години. Да имаше навистина, ќе имаше и постапка за тоа, а и ќе се видише во седумте години. Дополнително нивната пропаганда тоа ќе го експлоатираше до максимум.

Потоа извадија дека имало некој проблем со дозволата за пристап во гаражата. Дури и да имало, за седум години тоа можело 77 пати да се реши. Но не се сакало. Затоа што објектот е граден од владата на ВМРО-ДПМНЕ која ја предводев.Старата зграда е без фасада веќе 9 години.

Но, ова не е најтрагичниот случај. Има куп вакви објекти низ Скопје и Македонија, готови или во градба кои застанаа или силно се забавија и не се готови. Некои кои ми паѓаат на памет се клиничката болница во Штип, болницата во Кичево, а клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје е посебна приказна каде застојот е заради обидите да направат криминал преку користење на тендер што се употребува само за пејачи за нова година.
Понатаму театарот во Струмица, базенот во Охрид, споменичната композиција Мајка Тереза, автопатот Кичево Охрид, а не мрдна пругата кон Бугарија, напротив згаснаа речиси сите возови во земјата од неспособност и криминално работење.

Уште во 2017 година целосно готовиот пат од Скопје до Сопиште преку Водно не го пуштија седум години без никакво образложение, објектите на факултетот за компјутерски технологии ФИНКИ и објектот на факултетот за физичка култура во Скопје стојат во место.

Светиклиметовиот универзитет во Охрид исто така стои недовршен на забот на времето, не се пресели ни факултетот за драмски уметности во новиот објект скроен специјално за нив, го запреа и градењето на драмскиот театар во Скопје, театарот Комедија, театарот во Охрид и во Прилеп, амфитеатарот од римскиот период во Скупи во Скопје, сите овие со готови проекти и отворени тендери за избор на градежна фирма, а болницата Еразмо во Охрид седум години не ја пуштаат во употреба на целосно завршена реконструкција, освен уште да се постави лифтот.

Запре и градбата на повеќе нови технолошко индустриски развојни зони – ТИРЗ со кои се сакаше да се овозможи привлекување странски директни инвестиции во Радовиш, Куманово, Делчево, Берово, Ростуше-Маврово, Гевгелија и неколку други. Во повеќето од нив се завршија подземните работи како водовод и канализација на пример.
Го баталија и градењето на централниот откупен центар за земјоделски производи кај Неготино, аеродормот меѓу свети Николе и Штип каде направија и лесно докажлив крупен криминал, а не ги завршија ни двата километра автопат кон Блаце, како што и непочна реално градбата на автопатите кои требаше да ги гради “Бехтел-Енка” за кои толку многу ветуваа и говореа.

Попусто им оставивме физибилити студија за железница кон Албанија, а гасоводите Скопје-Тетово-Гостивар, Штип-Радовиш-Струмица -Гевгелија-грчка граница и Неготино – Прилеп-Битола наводно нешто правеа, но ниту еден не е завршен цели седум години а почнати беа во мојот мандат како премиер.

За втората и трета фаза на примарни гасоводи со која сите градови требаше да добијат гас да не зборуваме, на памет не им падна.

Ниту пак има секундарната и терцијална гасификација. Сакаа да направат гасна централа изградена на територијата на Грција, наместо во Македонија, и тука добро е што беа толку неспособни што и ова не мрдна. Ниту еден нов и завршен проект во енергетиката, а заради криминални побуди речиси запре производството во РЕК Битола, новите рудници за јаглен не се отворија иако беше јасно дека ќе бидат потребни во овие години со цел да профитираат при увоз на јаглен.

И да не набројувам понатаму бидејќи ги има уште многу. Можам само да замислам како глупаво се чуствуваат сега кога мандатот им заврши а ништо не направија за општо добро на граѓаните кои го одбраа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…