Објавено на:

(Видео) Освоил 3,8 милиони евра, па се струполил на под: Маж ја прослави добивката и доживеа срцев удар

t

На социјалните мрежи кружи видео од казиното „Марина Беј Сендс“ во Сингапур, каде неименуван маж го доби џекпотот во саботата, 22 јуни.

Откако освоил околу 3,8 милиони евра, човекот почнал да скока од радост, а потоа драматично паднал на подот.

Гостите во паника и персоналот на казиното веднаш притрчале напомош, а јасно било дека доживеал срцев удар, пренесува британски „Сан“.

Во друштво на несреќниот маж имало и една жена, а на снимката се гледа како клекнала покрај него и се обидувала да му помогне.

Мажот набрзо бил пренесен во болница, а медиумите во првиот момент објавија дека починал. За среќа, тоа не беше точна информација.

Мажот се опоравува во медицинска установа, а можно е срцевиот застој да е предизвикан од екстремна возбуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Четврти ден револуција низ Албанија: Студентите…

Студентите и средношколците продолжија и денеска, четврти…

Кејти Закарија по помалку од една недела…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја советувал новата…

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте…

Браќа и сестри, да не дозволиме разликите…

БРИТАНЦИТЕ НАСКОРО ЌЕ ДОЗНААТ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА…

Шефот на британската армија во обраќање пред…

Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати…

 На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во…