Објавено на:

Се санираат штетите од невремето, УХМР најавува нови врнежи

t

Невремето кое го погоди Скопје, Тетово, Куманово резултираше со големи штети… Поплавени куќи, дворови, подруми, гаражи, паднати дрвја, оштетени автомобили, откачени лимови, проблеми со снабдување со електрична енергија. Една од најголемите последици од невремето е поплавата во хируршките сали на третиот кат, во ГОБ „8 Септември“. Директорот на клиниката д-р Христијан Костов, во изјава за Тв 24, вели дека имало пробивање на водата во оперативниот блок меѓу првата и втората оперативна сала. Во меѓувреме персоналот трпел притисок, бидејќи е период на одмори, од една страна, а од друга страна, нема одложување на итните операции кои се значително зголемени.

проф. д-р Христијан Костов-директор на ГОБ „8 Септември“

„Пациентите кои требаше да бидат оперирани утрово, беа префрлени во други операциони сали, кои се наоѓаат на приземје. Тие се во функција, таму се оперираат пациентите. Работата нема застој. Имаше мало задоцнување на почетокот на операциите, додека да се префрлат пациентите во долните операциони сали. Во моментов се во функција шест операциони сали кои се доволни да згрижат, сите оние итни пациенти кои доаѓаат во ургентниот центар. Морам да напоменам дека френкфенцијата на хируршките пациенти е зголемена заради неработењето на оперативниот блок во Клиничкиот центар, дневно се оперираат околу осум до девет итни хируршки пациенти, во период од три часот до осум наутро.“

Од Центарот за управување со кризи, регистрирани се шест пријави за паднати дрвја, шест за скинати проводници и проблеми со електрични и телефонски кабли, осум за поплавени куќи, дванаесет за поплавени подрумски простории и гаражи, пет за поплавени улици, три пријави за проблеми во снабдувањето со електрична енергија, четири за оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, како и четири пријави за оштетени патнички моторни возила. Од Центарот велат дека се’ уште се пријавуваат штети од невремето, а сите информации кои ги добиваат, ги пренесуваат до останатите надлежни служби и институции и до локалните самоуправи.

Илија Бојаровски-Центар за управување со кризи по обилните врнежи

„Од кризниот штаб на општина Тетово, добиени се податоци, за блокиран локален пат за селот Вејце н Шар Планина. Како и патот кај тетовската касарна кој е преполн со вода и каде што имало едно заглавено возило, но за среќа безбедно се евакуирани патниците.“

Од Управата за хидрометеоролошки работи, велат дека невремето е предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса, со обилен и интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Во наредните денови, се очекува облачно нестабилно време. Апелираат граѓаните да бидат внимателни.

Ивана Петровиќ-УХМР

„Максималната температура денеска ќе се движи од 27-34 степени целзисови, а УВ индекс 6. Во Скопје ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината повторно се очекува појава на невреме со дожд, град и засилен ветер.“

Како последици од невремето викендов кое го зафати тетовско, како и скопските општини Аеродром, Гази Баба, Центар, Бутел, Ѓорче Петров. Во Автокоманда се сруши дел од ограда од мост, а конструкцијата падна врз две возила во движење. Мостот требало и претходно да се санира, но во моемнтов надлежните институции ја префрлаат вината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…