Силниот дожд предизвика одрони на патиштата во дебарскиот регион
Силниот дожд што го зафати дебарскиот регион е добредојден за земјоделските посеви, но предизвикува одрони на патиштата во ова подрачје, поради што се препорачува внимателно возење.
– По обилниот дожд видна е појавата, засега, на помали но чести одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози се препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачуваат од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта.
Екипи на секцијата се постојано на терен, со цел навремено расчистување и безбедно одвивање на сообраќајот.
Под надлежност на оваа секција се патишта во должина од над 110 делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа.
Вообичаено на патниот правец Дебар – Маврово најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патот кон Струга кај месноста „Три чешми“(Манастирец) како и месноста „Кокошкина краста“ на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маск го поддржа Трамп во критиките кон…
Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…
Полските власти добиле информации за можен напад…
Полските власти добиле информации за можен напад…
Од утре под лупа на „Безбеден град“…
Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од…
Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата…
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод…
СДСМ: 85 години борба против фашизмот –…
Пред 85 години партизаните излегоа за слободна…