Левица поднесе кривична пријава за Африм Гаши

t

Пратениците на Левица поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Африм Гаши, заради основано сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години. Оваа прва пријава против актуелниот собраниски спикер е поднесена поради пропуштање службено дејствие и свесно и злонамерно несовесно и противзаконито постапување во случајот со неодземањето на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ – поради уставна инкомпатибилност и неспојливост на функциите „премиер“ и „пратеник“.

Пријавениот, согласно императивни одредби од дури четири важечки закони и од Деловникот на Собранието, бил должен да ја констатира состојбата на судир на интереси и кумулација на функции кај Џафери и да го дополни Дневниот ред на првата наредна собраниска пленарна седница – но, истиот одбил да го стори тоа што му било изрична обврска и покрај поднесеното писмено барање од страна на пратеничката група на Левица, како и покрај јавните укажувања на Државната комисија за спречување на корупцијата. Ја известуваме јавноста дека правниот тим на Левица и во иднина будно ќе ја следи законитоста во работењето на новиот собраниски спикер и соодветно ќе реагира на секое противзаконито постапување или непостапување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…