Уште непочнато, одложено судењето за спортските ваучери

t

Првото рочиште за случајот со злоупотребата на спортските ваучери се одложи. Обвинетиот како ексдиректор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, не дојде. Неговиот адвокат Петре Шилегов рече дека Каевски е на домашно лекување, откако имал хирушка интервенција на тетивата.

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, кој исто така е еден од обвинетите, денеска рече дека поднел кривична пријава против обвинителката во случајот.

Обвинителката Раичевиќ, од своја страна, во изјава за медиумите по рочиштето, кажа дека не знае за кривична пријава и дека со дигнитет го отфрла таквиот напад од страна на обвинетиот. Случајот со злоупотребите со спортските ваучери вели е спрецифичен поради големиот број обвинети лица и високата штета.

Покрај Каевски и Димевски, во случајост со посртските ваучери е инволвиран и сегашниот директор на АМС, Наумче Мојсоски и уште 10 други лица. Претходно, Мојсовски, Димевски и Каевски ги отфрлија обвиненијата на обвинителството.

Обвинителниот предлог, како што соопштија од републичкото Јавно обвинителство на 30 април, против дванаесеттемина обвинети беше поднесен по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маск го поддржа Трамп во критиките кон…

Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…

Полските власти добиле информации за можен напад…

Полските власти добиле информации за можен напад…

Од утре под лупа на „Безбеден град“…

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од…

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата…

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод…

СДСМ: 85 години борба против фашизмот –…

Пред 85 години партизаните излегоа за слободна…