Телефонски разговор Муцунски – Липавски: Регионот на Западен Балкан што поскоро треба да биде дел од ЕУ семејството

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тумчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Република Чешка, Јан Липавски.

Министерот Липавски упати честитки до министерот Муцунски за назначувањето на фукцијата, посакувајќи му успех во извешувањето на задачите.

Министрите се осврнаа на јубилејот 30-години од воспоставувањето на дипломатските односи, нагласувајќи ги заемните заложби за натамошно зајакнување на соработката.

Муцунски изрази благодарност за недвосмислената и гласна поддршка на Република Чешка за пристапните преговори на нашата држава со Европската унија, притоа реафирмирајќи ја нашата определба за зајакнување на економската соработка и поддршката во мултилатералните организации.

Соговорниците изразија очекување за забрзување на евроинтеграцискиот процес и успешно спроведување на започнатите реформи, истовремено потенцирајќи ја важноста дека Регионот на Западен Балкан што поскоро треба да биде дел од ЕУ семејството.

За време на разговорот беа разменети мислења и за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за соработката и предизвиците во рамките на мултилатерални формати со крајна цел, зачувувањето на безбедноста, мирот на европскиот континент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…