Јаневска: Образованието ни е лошо и треба да се поправи
Весна Јаневска министерката за образование во емисијата 24 Отворено рече дека нема да има први чекори во образованието. Ние сме во таква состојба што треба на многу линии да се работи. Образованието ни е лошо и треба да се поправи.
– Во изминатите години се правени многу реформи за да постигнеме поголем квалитет, но од разни причини ниту една не го дала посакуваниот ефект. не можеме да ги одвоиме нивоата на образование, тие се една целина, но првенствено мора да се посвети внимание на основното и средното образование и паралално да се работи на високото.Она што од програмата произлегува и што би било значајна промена е подолгиот престој на учениците во училиште. Нашацел е во одреден период сите ученици од прво до четврто одделение да бидат во т. н. целодневна настава, а од петто до девето одделение да бидат по осум часа на училиште и ќе имаат наставни и вон наставни активности. – вели Јаневска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…