Објавено на:

ЗАКОНОТ ЗА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ВЕ НАЗАДУВА: Грузија доби кочница од ЕУ за членство

t

Лидерите на Европската Унија одлучија да ја запрат Грузија на патот кон ЕУ поради новиот закон за невладини организации (НВО) кои добиваат странски средства, објави Би-Би-Си.

Според законот, независните медиуми и другите граѓански организации мора да се регистрираат како „странски агенти“ и да доставуваат податоци до државата доколку добиваат повеќе од 20% од финансирањето од странство.

„Законот за невладини организации претставува назадување во однос на условите поставени за членство на Грузија во блокот“, соопшти лидерот на ЕУ.

Во соопштението се повикуваат грузиските власти да ги поништат „тековните дејствија кои го загрозуваат патот на Грузија кон ЕУ, де факто доведувајќи го пристапниот процес до застој“.

Грузија е официјален кандидат за членство во ЕУ од декември 2023 година.

Масовните протести во Грузија и интервенцијата на ЕУ и Соединетите Американски Држави, кои се противат на законот, не ја поколебаа владата. Противниците веруваат дека законот, кој стапи на сила на почетокот на јуни, ќе служи за замолчување на организациите кои ја критикуваат владата на начин сличен на рускиот.

Владејачката партија Грузиски сон го оправда законот со зголемување на транспарентноста и зајакнување на суверенитетот на Грузија.

ЕУ досега разговараше за низа одговори на случувањата во Грузија, вклучително и замрзнување состаноци на високо ниво и насочување на финансирањето на ЕУ директно на невладините организации во земјата.

Исто така, имаше загриженост за поддршката на грузиската јавност која останува цврсто проевропска.

– Главниот фокус е да се испрати силна порака до грузиската влада и да се поддржи грузискиот народ – изјави дипломат на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осумгодишно дете во мавровско Велебрдо повредено со…

Осумгодишно дете од селото Велебрдо, Општина Маврово…

Иран разгледува воени цели во Европа –…

Иран разгледува напади врз воени цели во…

Чаниште и трите манастири се безбедни, огнот…

Не постои опасност за прилепското село Чаниште…

Трамп врши притисок: Сака есенва да се…

Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз…

(Видео) Огнот кај Чаниште под контрола, ер-тракторите…

Пожарот во Мариово се движи кон селото…